Како што рече СДСМ ги нуди истите, стари и потрошени градоначалници, за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ во најголем процент оди со нови лица, со исклучително богато професионално и лично искуство, проминентни и познати во средините во кои живеат, спремни да се посветат на општините во коишто ќе ги водат.

-Во изборот на кандидатите за градоначалници се водевме пред се од мислењето на граѓаните, но исто така и она кое граѓаните го посакуваат за својата општина. Во предвид беше секако она што тие го посакуваат во својата општина. Ова се лицата со највисок рејтинг и поддршка од народот во населените места од коишто доаѓаат. Во предвид беше исто така земено и мислењето на партиското членство. На некои места одиме и со поддршка на истакнати интелектуалци, доктори, општественици, стопанственици, коишто се признати во својата средина и коишто можат да направат едно пошироко обединување. Целта ни е да креираме нова слика за политиката, нов бран и нова генерација на политичари коишто ќе работат за доброто на народот.

Би сакал да кажам по неколку зборови за кандидатите за ВМРО-ДПМНЕ кои досега ги утврди партијата, нагласи Николоски.

1.Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода е Орце Ѓеоргиевски.

Ѓеоргиевски е Магистeр по човечки ресурси. Фамилијарен човек, сопруг и татко на едно малолeтно дете. Работи во приватиот сектор. Тој е и актуелен советник и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода, каде силно се бори за интересите на граѓаните на Кисела вода, Орце е и организациски секретар на партијата, беше и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така имаше и други одгворности во рамки на партијата.

Орце се бори силно за Кисела вода и заедно со неговиот тим посветено по локалните избори на 17-ти октомври успешно ќе ја води општина Кисела вода.

2. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште е Стефче Трпковски, кој е актуелен градоначалник на општината.

Стефче покажа како се работи за сопствената општина и за сопствениот народ, во време на една невидeна репресија, во време на едно општествено назадување, покажа како се работи и какос е создаваат дела. Сопиште може да оди напред, и да се создаваат дела на кои ќе бидат горди граѓаните во следните четири години, затоа Стефче е нашиот избор. Тој е сопруг и татко на две малолетни деца. Завршил и пост дипломски студии на градежниот факултет.

3. ВМРО-ДПМНЕ за Центар ќе оди со поддршка на кандидатурата на професор доктор Наташа Котлар.

Г-ѓа Котлар е родена Скопјанка. Редовен професор во Институтот за национална историја – Скопје. Сериозен интелектуалец, човек со енергија, жена со став за најважните прашања во Македонија, со доблест да ги каже кога многумина се плашат.

Нејзина специјалност е компаративната историја, конкрeтно, проучувањето на македонската историја во текот на балканските војни, а исто така и во текот на преродбата. Таа е автор на неколку монографии и повеќе научни трудови од областа на историјата на македонскиот народ. Настапувала на голем број научни симпозиуми и има познати трудови и во Македонија и во странство. Таа е еден од основачите на партијата „Глас за Македонија“ и е нејзин потпретседател од 2018 година. На Центар му треба промена, На Центар му треба човек со интегритет, кој обединува, на Центар му треба дама којашто ќе го однесе онаму кадешто му е местото, не помеѓу висококатници и уништување на зеленилото, туку во една урбана општина во којашто ќе биде привилегија и задоволство да се живее. Затоа сметаме дека професор доктор Наташа Котлар е најдоброто решение за општина Центар.

4. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е Љупчо Папазов.

Тој е роден 1960 година во градот Кочани. Целиот свој аботен век го поминува во својот роден град, приврзан е за својот роден град, триесетина години се занимава со приватен успешен бизнис, а исто така зад себе има успешна компанија, а ја извршувал функцијата директор на јавното претпријатие „Водовод“ –Кочани. Toj е семеен човек реализиран човек, тој е човек кој може да донесе разлика во Кочани, многу потребна и во менаџирањето во општината и во справувањето со предизвиците. Видовме дека со последните пожари во општина Кочани колку добриот менаџмент е потребен и затоа сметаме дека актуелниот градоначалник од СДСМ треба да си оди и дека Љупчо Папазов е најдобриот избор кој ќе победи во Кочани.

5. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината Петровец е актуелниот градоначалник Борче Митевски.

Тој е исклучително успешен и посветен, човек кој го познаваат, човек кој добро ја води општината во едни комплицирани услови. Доаѓа од Ржаничино, и целиот свој работен век го поминува во општина Петровец, во населените места низ Петровец кои ги знае, како што се знае и себеси.Зад себе како градоначалник има особени успеси во економскиот развој и преродбата на Петровец многу домашни и странски инвестиции се најдоа на територијата на Петровец и најдоа поволна бизнис клима во којашто можат да инвестираат, дури и во услови на блокада на странски инвестиции каква што прави Владата на Заев. Инаку е и поранешен спортист , десеткратен првак во бокс со многубројни признанија и успеси и оваа комбинација на спортист и успешен градоначалник е правото решение за Петровец и за следните четири години.

6. Во Илинден ВМРО-ДПМНЕ оди на победа со Александар Георгиевски. Тој е магистер по политички науки. Работел во Министерството за правда, во Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, а моментално работи во Министерството за труд и социјална политика. Тој е актуелен советник во советот на општината и беше носител на победничката листа на минатите локални избори. Силно се бори во Советот за добробит на жителите на Илинден, а искуството коешто го има за привлекување на странски инвестиции ќе помогне многу во неговата работа, затоа што општина Илинден е исто така место каде бројни домашни и странски инвеститори го најдоа своето место и инвестираа и многу луѓе го најдоа своето вработување таму.

7. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Штип е Иван Јорданов.

Иван е актуелен пратеник, борец за Штип, млад и перспективен човек. Тој е магистер по економски науки на Економски факултет на УГД – Штип. И покрај тоа што е пратеник е претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Нема момент, а да пропушти да не се бори за неговиот Штип во македонското собрание. Силно се залага за Штип во македонското Собрание со бројните предлози кои ги даде изминатиов период, а од позиција на градоначалник ќе може и да ги реализира. Очекуваме промени во Штип и тие промени ќе ги донесе Иван кој е новиот градоначалник на Штип по следните избори.

8. На победа одиме и во Велес, една исклучителна богата кариера стои позади Марко Колев. Исклучително амбициозен човек, за Марко имам да зборувам со денови но пресот е краток и затоа само неколу работи ќе кажам.

Завршил на Природно математичкиот факултет во Скопје. Сопруг и татко на две деца.Тој беше и прв човек на Вардарскиот плански и успеа целосно да го прероди Вардарскиот плански регион низ својата успешна работа. Голем дел од времето посветува и на соработката со НВО секторот како и со бизнис секторот. Оддржува блиска соработка со Стопанската комора и со Сојузот на стопански комори на Македонија, којшто треба да биде предводник на економската преродба на Велес.

На негова иницијатива се отвара и првата канцеларија на Стопанската комора на Македонија во Велес со која имплементира голем број на проекти. Поголем дел од проектите се инфраструктурни и имаат регионално значење, што е исклучително важно за Велес како центар на тој регион. Проекти кои се имплементирани во општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Лозово, Чашка, Градско, Росоман и Демир Капија кои се во состав на целовкупниот Вардарскиот плански регион. Она кое го имаше како бенефит Вардарскиот плански регион ќе го има градот Велес по 17-ти октомври со новиот градоначалник Марко Колев.

Би сакал да ги претставам и кандидатите од Четвртата Изборна единица, којашто имам чест да ја предводам, во која во минатата година во број на освоени општини го победивме Зоран Заев, а оваа година уште победливо ќе го победиме на домашен терен.

9. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Радовиш е Ацо Ристов.

Тој е дипломиран електро инжинер и експерт во областа на енергетиката и електро инжинерството, со повеќе од 30 годишно искуство кое се однесува во деловната сектор, но исто така допринесува за развој на многу бројни иновативни и одржливи проекти во Македонија и странство.

Сопственик и управител на повеќе успешни бизниси кои вработуваат стотици илјади луѓе во Радовиш и радовишко. Исто така е Член на комората за мал бизнис и член на групацијата за алтернативни извори при стопанската Комора на Република Македонија. Исто така е и овластен судски вештак во областа на електротехниката, еден од ретките во Македонија.

Тој е носител на повеќе награди значајни за Радовиш:

• Шестоноемвриско признание на град Радовиш за продонес во развој на Општина Радовиш

• Шестоноемвриска плакета на град Радовиш за продонес во Развој на туризмот во Радовиш, со неговите значајни инвестиции кои се нашироко познати во туризмот

• Признание за успешна деловна соработка и развој на рударството од страна на рудник Бучим Радовиш и многу други.

Во Радовиш со Александар Ристов победуваме.

10. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Конче е Златко Ристов.

Ристов е дипломиран детектив, поранешен бранител, човек кој што застана на браникот на Македонија и човек со исклучителен дигнитет и кодекс на однесување. Со план и визија знае како во Конче да направи поубаво место за живеење, како тутунарите да имаат навремена исплата на тутунот, ја знае нивната мака, знае како ги понижи оваа власт и затоа Конче на овие избори ќе направи промена.

11. Во Босилово победата ќе ја однесе кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Манчев.

Тој по професија e дипломиран економист, на Економски факултет – Прилеп, насока сметководство и финансиска ревизија. Во 2011 година стекнува Магистер по Економски науки на факултетот во Парма, Италија, а во 2013 година стекнува титула – Магистер по Високи Европски Студии во Италија.

Од 2014 година е ангажиран како Овластен консултант на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија за изработка на бизнис планови и обезбедување на консултантски услуги за бизнис планирање, маркетинг, истражување на пазарот, финансиско планирање

Во периодот од 2013 до 2015 година, бил ангажиран во реализација на проект, финансиски поддржан преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу неговата општина Босилово и општина Грмен –Бугарија. Човек кој што знае како да го направи Босилово поубаво место за живеење, тој е исто така семеен човек и татко на две деца.

12. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Валандово е Тони Узунов.

На победа одиме и во Валандово кое што има проблем и со откупот на тутунот и со откупот на грозјето, Валандово во кое што царува семејството Заеви преку конфекцијата која што за мизерни плати ги држат вработените, затоа во Валандово ќе победи Тони Узунов, тој е сопанственик кој што 30 години, самиот знае како се обезбедува плата и како се носи леб на сопственото семејство и на многу други семејства, затоа што и тоа му е и професијата. Завршил на Технолошкиот факултет при УКИМ, на смер прехранбено и биотехнолошко инженерство.

Тони е сопруг и татко на 3 ќерки. Валандово добива градоначалник кој е одговорен, чесен и способен за решавање на проблемите.

13. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Богданци е Марјан Пеев.

Млад и перспективен човек, со завршен економски факултет на УКИМ во Скопје. Работи во Општина Богданци, живее со проблемите на Богданци, и ќе да ги реши од позиција на градоначалник.

14. Кандидат за градоначалник за општина Дојран е Филип Дончовски.

Дончовски е семеен човек, оженет и татко на една ќерка. Дипломира на Шумарскиот факултет во Скопје и е инжинер по Шумарство.

Дончовски Тој е извршен Директор во 2001 година на хидро Системот за Спас на Дојранското Езеро, кој што хидро систем буквално го спаси Дојранското Езеро од изчезнување, човекот кој што го спаси Дојранското Езеро од изчезнување, ќе го спаси сега и Дојран од изчезнување затоа што оваа политика на Заев, води кон целосно опустошување на Дојран.

Во 2009 година е Директор на јавното претпријатие “Комуналец Полин”од Стар Дојран, каде успешно го раководи претпријатието следните пет години.

Во моментов работи како раководител на пречистителната станица во Нов Дојран.

15. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гевгелија е Андон Сарамандов.

Сарамандов дипломира на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Работи и живее во Гевгелија, потекнува од семејство кое што буквално цела Гевгелија го познава, таму се со генерации, таму се и неговите родители и неговите дедовци и прадедовци, едно старо семејство од Гевгелија кое што ќе донесе градоначалник на Гевгелија, кој што ќе ги направи промените во Гевгелија, има план и визија за препород на Гевгелија и сите околни населени места.

16. Понатака во четвртата изборна единица на победа одиме во општина Неготино со Д-р. Горан Стојанов или како што го нарекуваат херојот на Неготино.

Човекот е интернист и раководител на итната медицинска помош. Човек кој што за време на најголемите бранови на пандемијата од Ковид – 19 спаси десетици и стотици човечки животи во Неготино.

Оженет и татко на две малолетни деца. Неговата професионалност би ја искористил со многу труд, тимски, заедно и со љубов, да ја направи Општина Неготино дом за сите кои што живеат таму.

17. Кандидат за градоначалник во четвртата изборна единица во Демир Капија е Андон Донев.

Андон дипломирал на Филозовскиот факултет отсек Историја. Работи во училиштето во Демир Капија воспитува млади генерации знае како живеат ја знае нивната мака и затоа ќе помогне да Демир Капија подобро се развива. Млад човек, со желба за работа, чесен и енергичен.

18. Во општина Росоман на победа одиме со еден исклучително мотивиран човек Тихомир Николов.

Тој е дипломиран инженер по комјутерски науки и технологија. Млад човек, кој живее и работи во Росоман и кој што сака да ја донесе иднината во Росоман. Човек кој што можам да кажам дека работи три работи. Човек кој што работи и во фабрика, човек кој што работи и во земјоделие човек кој што работи и дома. Исклучително мотивиран човек кој што со својот труд и трудољубие ќе го направи Росоман поубаво место за живеење.

19. Во Прилеп во четвртата изборна единица одиме на победа со доктор Борче Јовчески.

Д-р. Јовчески е високо почитуван доктор кој што е надалеку познат по својата стручна наобразба еден од најдобрите ортопеди кој што Македонија воопшто ги видела.Во Прилеп започнува да работи на Ортопедското одделение при Општа Болница „Борка Талески“, како Специјалист по ортопедија. По завршената специјализација во 2012-та година, станува Специјалист ортопед хирург, на истото одделение во болницата. Во 2019-та година, па се до денес Др. Борче Јовчески е активен во својата професија, при Приватната Здравствена Установа „Др. Јовчески“, каде што работи како Специјалист – ортопед. Во текот на повеќе од дваесет годишното работно искуство во медицината, тој присуствува на безброј обуки и семинари и наобразби кој што го прават еден од најдобрите ортопеди во Македонија.

Паралелно на работните ангажмани како лекар д-р. Јовчески е активен и во Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ. Тој е советник во Советот на Општина Прилеп каде што силно се бори за потребите на прилепчани . Човек со исклучителна желба за работа и човек кој шпто ќе го направи Прилеп поубаво место за живеење и да се врати Прилеп на успешните патеки кои што ги имаше до пред 4 години.

20. За општина Кривогаштани кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник е Александар Богданоски.

Тој доаѓа од земјоделско семејство, а завршил економски факултет. Работи и како одговорен сметководител на Министерството за земјоделство и на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој е и дел од Советот на општината каде што се бори силно за интересите на жителите на Кривогаштани. Во 2020 година, после промената во мнозинството кое што се случи во општината тој е и Претседател на Советот на општината, функција која сеуште ја извршува и од која што се обидува да придонесе за добробит на жителите но од позиција на градоначалник ќе направи многу повеќе .

Александар Богданоски е оженет, татко на едно дете и идниот градоначалник на Кривогаштани.

21. Во општина Могила одиме на победа со Драганчо Саботковски.

Тој е млад семеен човек, сопруг и татко на едно дете. Своите 32 години ги поминува во родната Могила. Потекнува од земјоделско семејство, каде што активно учествува во земјоделските обврски и ја знае маката на земјоделците од пелагонискиот регион и знае како се понижени од оваа власт на Заев и затоа во Могила ќе ја донесеме промената со Драганчо Саботковски којшто исто така работи како агент за продажба на осигурување. Семеен човек, исклучително мотивиран којшто ќе ја донесе промената во Могила.

22. И во општина Новаци, последната за денес од четвртата Изборна единица, кандидат и нов градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е Стевче Стевановски.

Тој е дипломиран земјоделски инжинер агроном, а е и магистрант на институтот за тутун во Прилеп. Тој покрај земјоделието работи како советник за локална инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, во одделението за локален економски развој во Општина Новаци којашто ќе ја предводи од 17-ти октомври и каде што исто така ќе дојдат промените.

Би сакал да преставам уште неколку кандидати и идни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

23. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Вевчани е Спасе Кочовски.

Во Вевчани одиме на победа. Спасе е Дипломиран социолог на Филозовски факултет на универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје. Тој е оженет и татко на две деца. Живее и работи во Вевчани. Вевчани се враќа во вистински раце.

24. Кандидат за градоначалник за општина Брвеница, кадешто во една тешка битка убеден сум дека ќе победиме е Јовица Илиевски.

Јовица живее во Брвеница, а како здравствен работник работи во Клиничкиот центар Тетово повеќе од 20 години. Повеќе од 20 години е исто така и физиотерапевт на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и исто така на женската фудбалскарепрезентација. Toj бил и советник во Советот на општина Брвеница од 2014 до 2017 година. Лекар, посветен човек, спортист којшто ќе донесе победа во Брвеница.

25. Кандидат за градоначалник и нов градоначалник на општина Јегуновце, убеден сум, е Димитар Костадиновски за кој што не треба многу да знам затоа што кога се шетате со него по Јегуновце и по останатите населени места, нема човек којшто не го Знае.

Диме е идниот градоначалник на Јегуновце. Тој е дипломиран економист – специјалист по маркетинг. Работи во општината дури и сега без никаква позиција, помага многу повеќе од градоначалникот на општина Јегуновце, а после овие избори и како градоначалник ќе го прави Јегуновце многу поубаво место за живеење.

26. И последниот кој што сакам да го претставам за денес е кандидатот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Стефковски е магистер по безбедносни науки. Тој е државен советник во секторот за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа при министерството за труд и социјална политика. Млад и енергичен човек, со способност за работа со луѓе од различни професии , разбирање на социјалните проблеми како и разбирање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Израснат во Гази Баба, добро ја знае целата општина, сите го знаат добро и него. Убеден сум дека Боби е новиот градоначалник на Гази Баба кој шо покажа заедно со мнозинството кое што и сега го има ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба, како можат да спречат штетни политики коишто актуелниот градоначалник сакаше да ги направи во Гази Баба пред се во делот отворање на индустриски капацитети коишто се од високо загадувачка индустрија. Боби се спротистави и успеа, и затоа Боби Стефковски е новиот градоначалник на Гази Баба којашто ќе ја направи поубаво место за живеење. Едно урбано и чисто место за живеење.

Ова се кандидатите кои што ќе однесат победа на овие локални избори и кои што избори не се обични избори, туку се вистински тест, вистинска контрола дали власта на Заев треба да падне, а јас сум убеден дека ќе падне за тоа што во спротивно ја турка државата во амбис, криминал, и назадување.

Убеден сум дека ова е вистинската понуда за нов почеток, за нова сила која што ќе донесе промени и решавање на проблемите на сите граѓани, за тоа што Македонија мора да биде земја за сите луѓе.

А, на овие кандидати кои што се досега избрани им посакувам успех и победата на изборите. А, во следните денови ќе излеземе со уште една серија на кандидати за градоначалници кои што ќе бидат избрани во текот на оваа недела.