На завршниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Битола, потпретседателот  на  ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше за зацртаните цели доколку на изборите победи кандидатот  Тони Коњановски.

Знаете дека РЕК работи на раб и едвај произведува струја. Македонија може  да потоне во темница  и ако некој можеше да го замисли за лош хорор филм, замислете  во 21 век  размислуваме дали ќе има или ќе нема струја, дали ќе има или нема греење , а  Зоран Заев  и Владата на тоа  ја донесоа државата

Имаме неколку зацртани цели за Битола, прва  е отварање на нови работни места , ветуваме отварање на две големи странски компании  и 7 до 10 илјади нови работни места, понатака силни инвестиции во инфраструктуратаа, кај се застанати во 2017 таму се денес застанати и затоа ќе правиме големи убави работи,  следно гасификација на Битола , следно топлификација во Битола, парно во секој дом, реални инвестиции во спортот и за мене најбитно , одноворност за криминалцците, има  сите да одговараат од прв до последен и тие што ќе прават потпуп сите ве знаеме , ќе одговарате од понеделник, изјави Николоски

Решението за рушење на оваа Влада е излезноста, да го вратиме националното достоинство , да не се поигрува никој ,излезете и гласајте за бројот 7, да живее Битола, да живее ВМРО ДПМНЕ, изјави Николоски од Битола.