Делегација од ВМРО-ДПМНЕ, составена од потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски и членот на ИК Ели Панова, во дворот на храмот Св. Спас во Скопје положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот великан, и еден од симболите на македонската револуционерна борба за ослободување Гоце Делчев.

-По повод 119 години од смртта на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев заедно со Vlado Misajlovski и Ели Панова во име на ВМРО-ДПМНЕ положивме цвеќе на гробот на славниот војвода во црквата Свети Спас. Слава му!, напиша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.