Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, вечерва се заблагодари на работниците на Македонија Пат кои го чистат снегот и ги прават патиштата проодни.
„Сите патишта се проодни и никаде нема застој. Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе, коишто ги одржуваат чисти и проодни патните правци“, напиша Николоски.
