Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку статус на Фејсбук се потсетува на колумната која ја напишал лани во врска со злоупотребата на тајните служби.
Во декември 2022 година во колумна за весникот Фокус пишував за злоупотребата на тајните служби и софтверот ,,Пегазус” кој се користи за нелегално следење и прислушување.
-Неколку месеци подоцна Македонија е во центарот на случувањата во нов разузнавачки скандал, реформите во разузнавачките служби не се случија, а власта ги злоупотребува АНБ, АР и ОТА, напиша Николоски на својот фб профил.
Реформи во безбедносните служби ќе се случат после промената на власта и конечно во Македонија ќе се престане со злоупотреба на овие служби кои се користат за политички цели, а не за заштита на државата и граѓаните, напиша тој.
Линк од колумната напишана во декември: