Неговиот статус ви го пренесуваме во продолжение.
– Ова треба да е мост дел од автопатот Охрид – Кичево, 4 години застаната е работата и за малку не е завршен. Каде што застана работата во 2017 кога Заев формира Влада таму е и денес. Прашањето не е само кога ќе се заврши автопатот зашто јасно е дека ќе заврши кога ќе си оди неспособниот Заев од власт, прашањето е и во каква состојба ќе е овој мост и дали ќе биде безбеден зашто 4 години не е одржуван и стои на забот на времето. Локалните избори се првиот и најзначаен чекор за рушење на најнеспособната и најкриминална Влада во историјата на Македонија! Вие сте на потег, излезете и гласајте против власта на Заев на 17ти октомври!, напиша Николоски.