Нема поубав начин да се започне Новата година со отварање на еден ваков капотален проект што ќе остане децении, векови после нас и затоа честитки за сите, честитки за цела држава, честитки за сите кој ќе го користат овој пат затоа што ќе го забрза протокот и комуникацијата помеѓу вам и главниот град, Скопје и Истокот на Македонија, изјави денеска на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Николоски истакна дека ова ќе претставува витална артерија за поврзување со истолниот сосед, како и развој на индустриски капацитети од левата и десна страна на патот.
-Ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата на левата и десната страна на овој скспресен пат, да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвараат нови капацитети, фабрики, и целосно да го заживееме источниот дел на Македонија, истакна Николоски.
Како Влада се соочивме со многу проблеми, но благодарение на посветеноста, како и личната посветеност на премиерот успеавме да го завршиме овој проект, рече во своето обраќање бицепремиерот Николоски.
-Кога беше избрана владата се соочивме со многу проблеми, многу застанати проекти, многу проекти кои што ниту имаа јасно финансирање, ниту јасен план како ќе бидат завршени, ниту извесност за завршување. Благодарение на посветеноста на владата, морам да ја потенцирам и личната посветеност на премиерот Христијан Мицкоски, успеавме да го завршиме овој проект, за што и сум многу благодарен, и ова пред се не негова заслуга, рече Николоски во своето обраќање.