Тој додаде дека смртноста е меѓу највисоките во светот. Тоа се причини зошто партијата мисли дека треба да замине Филппче.

– Видовме и колегите на Заев и Филипче како не го почитуваат здравјето на граѓаните, и тоа вториот и третиот човек во владата. Едниот е во Мексико другиот во Дубари, рече Николоски.

Според него сето ова е добра причина Филипче да замине.

– Очекувам претседателот на Собранието да ги стави сите три интерпелации и онаа за Николовски и Маричиќ, а и оваа за Филипче затоа што оваа последната треба затоа што неговата неспособност значи изгубени животи, рече Николоски.