Сега е време кога заеднички треба да ги донесеме одлуките за периодот кој следи. Енергијата е одлична, а победата се најавува од сите страни на Македонија, истакна од народниот митинг во Ново Село, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Александар Николоски.
-Вчерашниот собир во Охрид ја покажа енергијата на ВМРО-ДПМНЕ и потребата за промени во цела Македонија. Вчера ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има енергија да ја менува Македонија. Беа испратени клучни и крупни пораки кои веќе денес го покажуваат вистинското лице на многу играчи и на многумина кои се позиционирани на политичката сцена. Денес СДСМ имаат собир во Охрид, го прават во еден хотел со сала во средна големина, не ја одбраа ни најголемата. Ние на градскиот Кеј со 25.000 луѓе, а тие денеска во сала за свадби со 250 луѓе- тоа е разликата, потенцира Николоски и се осврна на пораките кои беа испратении:
„Вчера испративме порака дека СДСМ е спремно да даде 70 проценти од власта на албанските политички партии само за да формираат влада. Поминаа 24 часа од нашиот митинг и СДСМ тоа не го демантира, што само говори дека тоа е вистина. Тоа е првата работа што вчера излезе на виделина.
Ние вчера упативме и порака за македонско национално обединување, имајќи предвид дека во Македонија Македонците се околу 65 проценти, невозможно е да градиме здрави национални политики без национално обединување и без консензус за клучните национални прашања поврзани со Македонија и Македонците.
Со СДСМ очигледно тој консензус не е можен, затоа шти нив ги интересира само криминал и корупција, но сметаме дека е можен со политичките партии кои во моментов се во опозиција од македонскиот кампус.
Денеска стигнаа одговорите- политичката партија ЗНАМ генерално рекоа дека се согласуваат, а неуспешниот професор мислеше и после еден ден вели не прифаќаме, со што само докажа дека е слуга на СДСМ и ДУИ. Затоа да нема дилеми- глас за Левица е глас за Али Ахмети, СДСМ и ДУИ“.