Пратениците од опозицијата продолжуваат во Собранието со битката за неприфаќање на францускиот предлог.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од пратеничкото столче испрати порака „Македонците се борат, криминалците ги горат“.
-НЕ за предавствата на криминалците! За пари душа и народ продаваат, напиша на Фејсбук Николоски.
И денеска во законодавниот дом продолжува дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.