Со инвестиција од 107 милиони евра, денеска се пушти во употреба експресниот пат до Куманово (Страцин) – Крива Паланка во должина од 25,5 километри. Нова модерна патна врска која ќе ја забрза комуникацијата кон источниот дел на Македонија. Експресниот пат е дел од меѓународниот коридор 8 кој има значајна улога во развојот на економијата и ќе преставува услов за отворање на нови фабрики, нови работни места и ќе се подобри патната комуникација со овој дел на Македонија, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
“Нема поубав начин да се започне Нова година од отворање на еден ваков капитален проект кој ќе остане децении и векови после нас и за тоа честитки на сите, честитки за цела држава и за сите кои што ќе го користат овој пат кој дефинитивно ќе поврзе протокот и комуникацијата меѓу главниот град Скопје и Истокот на Македонија. Патот ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата од двете страни на експресниот пат да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвораат фабрики, нови работни места и целосно да го заживееме источниот дел на Македонија. Честити на сите кои што работеа и честитики за успехот, изјави Николоски.
Кога беше избрана Владата се соочивме со многу проблеми, многу нерешени проблеми, заостанати проекти, проекти кои ниту имаа јасна завршница, ниту финансирање, ниту извесност во завршувањето. Благодарение на посветеноста на Владата и морам тука да потенцирам, личната посветеност на премиерот Мицкоски, за што сум многу благодарен, на дневна основа се слушаме и комуницираме за овие проекти, истакна Николоски пред присутните гости
„И ова е негова лична заслуга зошто прв пат во историјата на Македонија се заврши еден проект на време. Беше 31.12 ветено, јас и директорот Трајановски на 31 -ви го извоземе прв пат овој пат и пративме информација до премиерот дека патот е готов, а од денеска ќе може да го користите сите. Нека е со среќа, аирлија, да се гледаме за нови работи, најавуваме и нови проекти кои што ќе бидат за брзо отворени, а оваа година ќе почнеме и нови проекти кои што ќе значат развој за Македонија, потенцираше Николоски.
Ние имеме уникатна локација, низ Македонија се сечат два пан европски коридори, коридор 8 и 10 и треба да ги искористиме, мора државата да стане крстосница, енергетска и транспортна крстосница и на тој наичн да растеме и сите да ја градиме економијата и просперитетот за луѓето да ни остануваат тука. Нека е арилија и со среќа”- кажа на крајот вицепремиерот Николоски.