Формирање на Координативно тело веќе во вторник и започнувње на постапка за обезбедување на финансиски средства за МЖ Инфраструктура за реализација на проектот за брза пруга. Тоа се следните чекори во нашата амбициозна агенда, истана вицепремиерот Александар Николоски во “Вечерното Шоу на Богдан Илиевски”

“Зборуваме за единичен проект кој ќе чини меѓу 1,7 до 2 милијарди евра и ќе се согласите тоа е огромен проект и најголем поединечен проект реализиран во Македонија, а ќе е и најголем поединечен проект во целиот регион во Југоисточна Европа. Во такви услови прашањата малку подруго се поставуваат, а тоа е од каде може ова воопшто да го обезбедите и мислам дека нема алтернатива. Ќе имаме најдобри услови за финанисрање кои што Македонија може да ги добие на пазарот. Она што е важно да го сфатат граѓание дека ние како Македонија не можеме да изнесеме проект поголем од 350 милиони евра. Најмногу што Македонија можела да индицира проектно финансирање е проектот за железница на коридор 8 третата секција каде имаме 350 милиони евра од каде по 175 милиони евра се кредит од ЕБРД, 175 кредит од ЕИБ”- рече вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека за него најважна е довербата.

“Друга работа што за мене е најважа е довербата. Кога другата страна дава кредит во овој случај Велика Братанија тогаш верува во економските перформанси на Македонија и дека ќе може да ги враќа овие средства и не само тоа, Велика Британија ќе е гарант за Македонија и Македонија ќе има две придобивки. Прво, Македонија ќе го користи највисокот кредитен рејтинг тоа е АА на Велика Британија и второто Велика Британија ќе биде жират и доколку Македонија не врати од ратите, тогаш Велика Британија ќе ги враќа во име на Македонија. Штом тие процениле дека ние можеме да враќаме вакви кредити, тогаш веруваат во нашиот перформанс и во политиките на оваа Влада. Така што довебрата што ја покажува Велика Бријтанија за мене е најзначајна во целиот овој проект”- истана вицеремиерот Николоски.