Министерот за транспорт Александар Николоски денеска заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири оствариле работна средба со ЗЕЛС. Целта била поставување нова урбана опрема по општините.
-Започнуваме со изработка на нова унифицирана постапка за поставување на урбана опрема за сите општини, објави на неговиот фесјбук профил министерот Николоски.
На средбата се разгледувале можностите за воспоставување законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема. Станува збор за можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката за поставување на урбаната опрема.
-Работната група составена од претставници од Министерството за транспорт како и претставници од ЗЕЛС, во следниот период заеднички ќе работат на подготовка на прописите и во еден разумен рок се очекува да биде изготвен и нов правилник за оваа намена, напиша Николоски на фејсбук.
Владата и Министерството за транспорт, објави министерот Николоски, гледа на општините како рамноправен партнер во креирање на законски решенија посебно во делот на градењето и градежното земјиште.
Повеќе фотографии за средбата Николоски – ЗЕЛС, како и останати детали може да погледнете од објавата на министерот.