Овие бројки се многу битни, особено старосната граница, каде што 51, 5% од оние кои што се над 60 години се против, затоа што некој што сега има 62 или 63 години, кога 1993 година на Македонија и се кажа само да стане Поранешна Југословенска Република Македонија и сите проблеми ќе се решат, а 1995 само да го промени знамето и сите проблеми ќе се решат , тогаш тие имале 33, 35 години. Животот им помина на луѓето во лажни ветувања и лажни надежи само уште ова , изјави потпретседателот Александар Николоски во емисијата Детектор, во однос на резултатите од анкетата од Детектор, во која стои дека 51, 5% од граѓаните не би прифатиле промена на Уставот и продолжување на преговорите доколку земјава добие дополнителни гаранции
На луѓето им е преку глава од такви ветувања, само уште ова, само уште ова. Ниту една работа која што била кажана досега , не била до крај испочитувана за жал и од дел од меѓународните партнери , затоа што никогаш тоа не било последно барање, како што беше последното, со промена на името , како што и со промената на Уставот никој не гарантира дека ќе биде последното барање. И затоа е ваквата скепса кај луѓето. Наша работа е да работиме пред се внатрешно, да ја креваме Македонија, да стане достоинствено и поубаво место за живеење, со функционален систем на владеење на правото, за да можеме рамноправно да седиме на иста маса, изјави Николоски.
Пред некој ден на една средба со премиерот Пленковиќ, кажа вие сте една нација што најмногу има истрпено и најмногу има пострадано во овие 30 години. И мислам дека од регионот го разбира добро тој сентимент кој што го чувствува секој Македонец и што е доста доста е, порача Николоски.