Жалосно е тоа што се случи и Зоран Заев е навикнат на тие игри, но изненадува кога што во тоа се вклучени доктори, ние мора да ја преземеме одговорноста. И во таа игра е доктор Филипче и сега се зборува дали има понудено оставка, како, па дали е отповиклива или не. И по ова што се случи требаше да видиме некаква корективна акција, а тоа е да се префрлат некои пациенти од другите модуларни болници. Има информации дека во модуларната во Куманово донеле ПП апарати пред некој ден, рече доктор Игор Николов, прв човек на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Што не е јасно на ТВ АЛФА коментирајќи го случајот во Тетово со изгорената монтажна болница.
Тој наведува дека се укажува на тоа дека нема реална работа, туку дека има само пиар и се глуми менаџмент на криза.
Според него треба да се преземе одговорност, а не да се игра игра, да се тера пиар.
– Но, како да се навикнавме да нема одговорност. Немаше одговорност кога немавме лична заштитна опрема, кога немаше терапија, болнички кревети и слично. Ние се уште сме во состојба да нема протоколи за леќење кои се стандардизирани и по повеќе од година и половина од короноа кризата, рече Николов.