Работната група за уставни измени го скрои планот за работа.. Ќе се води по деловник кој е усвоен едногласно и треба да спречи долги дискусии кои би ја одложиле работата.. Во него нема рокови за изработка на Иницијативата за менување на уставот и внесување на бугарите во него.
„Многу е неблагодарно да се дискутира околу рокови и временска рамка. Она што е битно е дека ние одсега ќе се среќаваме многу почесто. Она што е важно е треба да се имаат во предвид апсолутно сите можности кои треба да ги искористиме за може Меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда во која ние влегуваме“, изјави Маргарита Цаца Николовска
Работната група, одлуките ќе ги носи со мнозинство од вкупниот број на членови. Засега не е утврдено кои делови на Уставот ќе претрпат промени.
„Прерано е да се дискутира за тоа. Секако дека ќе се интервенира, има потреба од преамбулата, комитетот на заедниците, има потреба во одредени амндмами. Така што, многу зависи од текстот што е понуден за разјаснување на оваа намера која што ја имаме согласно решенијата“, вели Цаца Николовска.
Цаца Николовска ја отфрли можноста работната група да дебатира за бришење на формулацијата „20 проценти“ и албанскиот јазик да стане втор официјален, бидејки според неа, немаат мандат за такво нешто.
„Гледајте што ни е нас мандатот, нашиот мандат не е неограничен, тој е во оваа насока, решението на министерот кое влече од заклучоците на собрание, меѓународните преземени обврски на државата и одлуката на владата“
Работната група е предвидено да се среќава еднаш неделно.. Следната седница ќе се одржи идниот петок.