Денеска остваривме средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба на државата, предизвиците од сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, криминалните афери од страна на владата на СДСМ и притисокот со кои се соочуваат просветните работници од страна на ресорните министерства и премиерот Димитар Ковачевски.