Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на средба со новинари, ќе го презентира последниот повик од ИПАРД 2 Програмата, што треба да биде објавен утре, 4 август.
Николовски, како што најави неговиот Кабинет, ќе се осврне и на подготвеноста за старт на ИПАРД 3 програмата.
Според министерот, земјава веќе очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за ИПАРД 3 во која ќе биде точно наведен буџетот по години и мерки. Веднаш потоа ќе биде објавен и првиот јавен повик со што и официјално Северна Македонија прва во регионот ќе почне со реализиација на новиот програмски период од ИПАРД 3.
Согласно проекциите, ИПАРД 3 ќе биде за 62 отсто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2.