„Досега во овие изминати години ако беше воден како што треба Куманово досега требаше да биде во најмала рака прв индустриски центар во Република Македонија или најголем спортски центар во Куманово затоа што кумановци се познати по спортот, а спортот во Куманово е изумрен“ изјави претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово Бобан Николовски на денешната трибина Младински политики во рамки на акцијата „Ова е Македонија, за сите!“.

Тој додаде дека поради девастираните, неквалитетните и погрешните политики на СДСМ кој со Куманово владеат 30 години Куманово е доведено дереџе на кое никако не заслужува да биде.

„Тезата која СДСМ и политичарите што него го претставуваат во Куманово се вадеа 12 години дека цело време додека ВМРО-ДПМНЕ беше на централна власт го кочело Куманово и не ставило ниту една шајка во Куманово, не дало ниту еден денар во Куманово затоа што локалната власт во Куманово цело време е во рацете на СДСМ“, истакна Николовски

Николовски е дециден дека картите сега се сменија и седма година СДСМ е на власт и запраша каде е просперитетот на Куманово?

„Бидејќи за прв пат СДСМ го изгуби Куманово на локално ниво по 30 години владеење тие го заборавија сега Куманово затоа што немаат веќе контрола над Куманово и немаат личен интерес“, кажа Николовски.