Зголемувањето на трговската соработка и можноста за унапредување на условите на пазарите меѓу Македонија и Србија беше една од темите на средбата меѓу владината делегација во чии состав присуствуваа заменик претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со министерот за внатрешна и надоврешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ.
Економската соработка меѓу двете земји е на високо ниво, иницијативите во рамките на Отворен Балкан ја продлабочуваат соработката и во такви услови постои можност преку нови мерки и активности таа соработка да биде интензивирана, беше заклучокот на средбата меѓу двете страни.
Македонија има огромно влијание врз регионалниот развој и политиките на Владата и во наредниот период ќе бидат фоксуирани во насока на зајакнување на регионалните пазари, олеснување на трговијата и транспортот како и интеграција на земјите од регионот на европскиот пазар, истакаа претставниците на владината делгација.
Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека покрај економскиот развој, за Владата примарен фокус е регионалното поврзување преку модерна и квалитетна инфраструктура, потенцирајќи ја заложбата на Владата и Министерството за транспорт за изградба на брза пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и непречен транспорт на добра кон Централна и Западна Европа.
И двете страни се согласија дека Македонија и Србија се пример за регионална соработка и потенцираа овој пример треба да го следат и останатите земји се со цел создавање на заеднички пазар по теркот на единствениот пазар на Европската Унија.