– Во рамки на Националниот портал за е-услуги, граѓаните ќе можат да пријават проблеми поврзани со постапките за добивање услуги од јавната администрација. Преку Електронскиот систем за онлајн поднесување и следење на поплаки и пријави, го унапредуваме функционирањето на државата и со тоа го подобруваме животот на сите граѓани!, напиша Николовски во објава на Фејсбук.
Преку оваа електронска платформа можат да се добијат информации за јавните административни услуги од сите институции во државата и директно да се користат јавни административни услуги кои се достапни како е-услуги.