Повторно во Стразбур. Од денес се враќам во ПС на Совет на Европа. После 4 години што заради тоа што решив да не се кандидирам на изборите во декември 2016, што заради корона кризата, повторно сум во Стразбур со огромна чест да ја претставувам Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Како и во минатото најавувам дека тука ќе се борам за македонските национални интереси, како и заштита на човековите права на Македонците во Грција, Албанија и Бугарија. Во Советот на Европа стигнав до највисоката позиција што било кој македонски пратеник ја имал – бев 2 години Потпретседател и за прв пат од основањето на Советот на Европа во 1949 година од местото на претседавач се слушна македонскиот јазик. Имав чест да се обратам и да претседавам на македонски јазик. Продолжувам во нови предизвици, ќе се борам со цело срце за Македонците, македонскиот јазик и човековите правдини на секое доаѓање во Стразбур и во ПС на Совет на Европа, напиша Николоски.