Реализацијата на мерките од Планот за борба против корупција е во напредна фаза, веќе се работи на нови системски мерки коишто ќе бидат имплементирани во новиот План за борба против корупција, порача на денешниот брифинг со новинари, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Вицепремиерот Николовски посочи дека интензивно се работи на измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите, за да од 1–ви јули 2022 години овој процес биде комплетиран и истиот да се применува. Користењето на платформата за Интероперабилност, значи дека институциите ќе ги разменуваат сите информации и документи по електронски пат.
Тоа значи дека не може да се чуваат и кријат предмети во фиоки на институциите кои што имаат истражни дејствија, нема да чекаат со месеци за одредени дописи од друга институција се со цел да се забрзаат постапките. Првите шест закони од МВР, а кои се клучни оти таму се законите за лични карти, живеалишта и други се веќе во собраниска процедура, а уште 129 закони Владата ги разгледа, тие се изготвени и ќе го поминат владиниот филтер и на тоа се надополнуваат законите во делот на правосудството. Со тоа ќе имаме над 250 закони кои ќе стапат на сила на 1-ви јули 2022 со што веќе го имаме правниот дел закоружен. Се надевам дека сите политички чинители ќе дадат максимална поддршка и нема да има кочници за овој најсериозен процес преку којшто граѓаните ќе можат електронски, дигитално да ги добиваат услугите и сите сервиси“ рече вицепремиерот Николовски.
На брифингот, вицепремиерот Николовски потенцираше дека веќе се ставени во функција системот за Е-инспектор како и системот за поднесување на претставки за непостапувања по предмети. Подготвена е нацрт верзијата на предлог Закон за потекло на имот и донесена е Стратегија за зајакнување на капацитетите на институциите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Воедно согласно Планот за борба против корупција, се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија и јавни установи, се зајакнуваат капацитетите на јавните обвинителства, се ставаат во функција истражните центри, во функција е одлуката за ограничување на угостителски услуги за работни состаноци на функционерите и за ограничување на користење на службените возила, а институциите назначуваат лица за внатрешно пријавување, објавуваат антикорупциски програми, интерни процедури за јавни набавки.
Воедно, Николовски потенцираше дека се работи и на нови системски мерки кои ќе бидат дел од новиот План за борба против корупција, како што се Регистарот на цени на стоки и услуги.
Во напредна фаза е подготовката на модулите за спецификација на стоки и услуги за техничките документации, очекувам кон средината на месецов да бидат усвоени техничките спецификации коишто ќе бидат унифицирани за сите институции. Една од клучните мерки е подготовката на Регистар на цени на стоки и услуги којшто ќе биде воспоставен во првата половина на 2022 година. Заедно со модулите на техничките спецификации и регистарот на цени на стоки и услуги, ќе бидат сериозно ограничување на можостите за корупција при јавните набавки. Тие претставуваат една сериозна контрола, отвореност, транспарентност, и институциите ќе мораат да ги користат овие цени коишто ќе ги има во самиот Регистар и којшто постојано ќе се обновуваат“, рече вицепремирот Николовски.
Како дел од новите мерки вицепремиерот Николовски го посочи воведувањето на аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените дејствија од страна на царинските службеници, даночните инспектори и даночните контролори , како и проектот „Mystery shopper“, кој практично значи теренска проверка на институции за утврдување на неажурно, неефикасно и потенцијално коруптивно однесување.