Одлуката, како што информирата од кабинетот на Николовски, е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели.
– Со новите одредби, секое користење на службенте возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности, вели Николовски.
Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење, се наведува во соопштението од кабинетот на Николовски, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција.
Ова е уште една владина мерка во насока на рационално користење на службените ствари и буџетските средства.
– Во изминатиот период се донесе и веќе се применува одлуката со која се ограничуваат трошоците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори, се вели во соопштението од кабинетот на Николовски.