Денеска во 13.30 часот во Владата започнуваат преговори за покачување на пензите, согласно зголемување на минималната плата. Во отсуство на Премиерот Димитар Ковачевски кој ќе учествуваат на 58-та Минхенска безбедносна конференција, со претставниците на Сојузот на пензионери и со Партијата на пензионери ќе разговараат Вицепремерот Фатмир Битиќи и Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Претседателот на Партијата на пензионери, пратеникот Илија Николовски, вели дека вчера се видел со министрите и денеска очекува плодна дискусија. Тие како партија предлагаат три модули на покачување на пензиите: зголемување 50-50% во однос на растот на трошоците на живот и минималната плата, 60-40 % раст и раст на пензите согласно растот на просечната плата и минималната плата.
Николовски очекуваат да се усогласат нивните ставови, а во интерес на пензионерите.
-Првиот предлог е : Пензијата се усогласува на 1 јануари и на 1 јули секоја година според проецентот на пораст на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на претходното полугодие кое му претходи објавени во Државниот завод за статистика во висина од 50% , тоа е за трошоците на живот и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во РСМ во висина од 50 процети. А во случај кога трошоците на живот се со негативен предзнак, во тој случај не се врши усогласување.
Вториот предлог е: Пензијата се усогласува на 1 јануари и на 1 јули секоја година според проецентот на пораст на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на претходното полугодие кое му претходи објавени во Државниот завод за статистика во висина од 60 % од трошоците на живот и 40 % во висина од просечната исплатената плата во претходната година.
Со третата варијанта и даваме можност на Владата доколу има пораст на просечната плата 5% а минималната 15% да може да изврши усогласување или покачување на пензиите.
Ние сме да покачувањето повремено биде скалесто.Не процентуално туку скалесто. Тоа значи тие со најниските пензии кои што се таа група да добие најголемо покачување а тие над 50 000 денари пензија да не добијат ништо.
Има и варијата и линерано зголмување. Тоа значи ако се зголемила просечната плата за 5% на ниво на држават во тој случај од таа маса се дели подеднакво на сите пензионери. И во тој случај тие со најмалите пензии , како на пример 700 или 800 денари, тие би добиле 8 % а а тие со највисоките би добиле покачување за 2 %.Тоа значи да се солидаризираме со тие со најниски пензии. И ние сме на став дека треба да го имама таргетот на најниската пензија, а тоа би значело дека ако минималната плата 18 000 денари , минималната пензија би требало да биде 70% од тоа и просечната пензија да биде 60% од порсечната плата, сега е 54 %.
Сега ќе видиме Владата како размислува и ќе ги доусогласиме ставовите ако може денеска. Денеска Премерот не е тука нема да биде, туку ќе не прими Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, јас вчера и се видов со нив, вели Николовски за Лидер.