СДСМ преку Владата и институциите што го предводи успешно ја менаџира енергетската криза, рече Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.

Струја и парно има цела грејна сезона, рестрикции нема.

Производство на електрична енергија е зголемено и тоа во февруари за фантастични 80% а сметките за домаќинствата се исти.

Евтина струја обезбедивме и за клучната и витална инфраструктура во државава, како што се: болниците – затоа што здравствената услуга е загарантирана, евтина струја има и за училишта за континуран образовен процес, ЕСМ обезбедни струја и сите јавните комунални претпријатија за да се стабилизира цената на водата и да немаат изговори за да ги зголемуваат цените.

Тоа што ветивме – остваривме!

Зима без рестрикции, без зголемени сметки.

ЕСМ од октомври 2022 до крај на март 23, во услови на еветска енергетска криза, АД ЕСМ произведе близу 2,7 милиони Мwh (2.696.406 MWh), односно 222.131 MWh повеќе електрична енергија, за разлика од истиот период во 2017 година, кога немаше енергетска криза.

Последните податоци говорат дека за 15 месеци на мрежа се 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Тоа се нови централи од македонското сонце доминатно кои се вкупна инсталирана моќност од 191,6 MW со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови во нашата земја.

И каде е сега Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да каже кога и каде имаше рестрикци што ги најавуваше драматично и само го вознемируваше народот, каде е колабрираниот енергетски сектор и зголемените сметки?

Рестрикции очигледно има само во белата палата, каде заборавиле светлото да го запалат.

Да сублимирам

Сето ова е показател за успешноста на енергетските политики на СДСМ.

Затоа, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои го зајакнуваат енергетскиот сектор со крајна цел – целосна енергетска независност на државата.