Ние не направивме ништо, во однос на проблемот со Бугарија и тоа што таа земја не дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, изјави поранешниот дипломат Ристо Никовски во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер.
Ние го изгубивме достоинството . Нашиот претседател патуваше во Рим, заедно со бугарскиот претседател, кога тие таму не газат не понижуваат, вие прифаќате да се возите со неговиот авион. Претседателот го фалеше, а тоа држава со минимално искуство во дипломатијата нема да го дозволи. Вториот срам беше со вакцините. Нашиот министер отиде во Бугарија , а уште Бугарија ни нема дадено вакцини. Тоа беше чиста пропаганда. Тие навистина си играат мајтап со нас и не прават магариња. Борисов ни одржа лекција, си играат со нас , како да сме играчка . Тоа е недостаток на било каква дипломатија и не води кон бездна, ако не превземеме ништо. Македонија води една погрешна надворешна политика, изјави Никовски.