Посетата на високот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел во Скопје донесе само уште едно ново разочарување на надворешната политичка сцена. “Волјата“ на Борел е само уште една “шлаканица“ која ја добивме од Брисел.
За поранешниот амбасадор, Ристо Никовски, ова што го прави Европа со Македонија е срамно. Вели , однесувањето на Софија врз Скопје е многу посташно до сите воени конфликти, а целта е да ги уништат македонците.
Се додека ние како држава дозволуваме да не газат, да не плукаат и понижуваат, ќе биде вака и уште пострашно! Се додека ние се правиме дека не разбираме што се случува, се додека ние не сакаме да кажаме дека има македонци во Бугарија, се додека ги игнорираме пресудите на Европскиот суд за човекови права, Европа ќе не третира само како туристичка дестинација.

Лидер: Ваш став, до кога ќе доаѓаат евро-претставници во нашата земја, буквално да се “прошетаат“ и да не потсетат дека постоиме и сме само територијално на картата на Европа? Не можам да ветам датум, ама можам да ветам волја за брз старт на преговорите, рече Борел. Што значи оваа порака која ни ја испраќа Европската Унија?

-Прво немојте да бидете против туристичките доаѓања на европските великодостојници, бидејќи не заборавајте , ние имаме туристички амбиции како земја. Според тоа, ова нека биде еден вид на развој на нашето стопанство.
Второ, неговите зборови дека ние треба да се договориме со Бугарија за еден проблем кој е негде во 18 и ли можеби во 17 век е во најмала рака безобразлук. Дури и Фукујама рече дека тоа што ни го прави нас Бугарија е истото што го прави Русија на Украина. Јас велам не! Тоа што го прави Бугарија е многу полошо, бидејќи тие сакаат да сотрат еден народ. За сите, војната која русите ја започнаа во Украина е нешто неприфатливо. Меѓутоа таму има жртви што е навистина страшно, трагично, има и разрушувања, нема да се вратат, но ќе се поправат сите штети и украинците ќе преживеат. Овие сакаат да ги уништат македонците! Тоа е сепак многу, многу полошо.
И сега се поставува главното прашање. Ако веќе во ореолот и сите како него слични на жесток начин ја критикуваат Русија и ставија невидени санкции а Бугарија уште да ја пофалат и да и дадат некоја награда. Така да тоа што се случува во Брисел околу Македонија е нешто многу пострашно и од војната во Украина и од сите нивни досегашни двојни стандарди кои се работ на тероризмот. Според тоа, ова што го прави Европа со Македонија е нешто што е навистина за жал срамно. Но знаете зошто тие не ја осудуваат Бугарија а ја осудуваат Украина? Затоа што укринците се борат.
А македнците кои се нападнати жестоко од една невидена агресија од Софија и се додворуваат. Тие не се борат, туку уште малку да ја фалат Бугарија. Од разни аспект го опишав овие случувања кои се навистина трагични и во Македонија и во Украина, ама нашите се потрагични.

Лидер: До кога Европа вака иронично ќе се оденсува кон нас?

-Се додека ние се правиме дека не разбираме што се случува, се додека ние не сакаме да кажаме дека има македонци во Бугарија, се додека ги игнорираме пресудите на Европскиот суд за човекови права, така ќе не третираат.
Но не заборавајте ние сме сега членка на НАТО, нели и сите бевме уверени (така барем ми кажуваа) дека НАТО ќе им донесе странски инвестиции, ќе им донесе безбедност, ќе им донесе развој.
А што ни донесе?
-Војна !
И замислете, доколку се оствареше намерата на нашата талентирана министерка за одбрана да испратиме војници во Украина, јас мислам дека тие ќе го променеа развојот на настаните таму. Замислете тие да стигнеа до Владивосток, тоа е повеќе од 10 000 километри од нас, па толку далку не отиде ниту Александар Македонски во својот славен поход на Исток. Така да тоа се ситуации со кои ние треба да се гордееме. Се додека така се однесуваме а тие не газат, не плукаат, не понижуваат, ќе биде вака и уште пострашно!-додава Никовски.