Диртекторот на болницата, д-р Христијан Костов, зборуваше дека вчера ниту еден пациент од Тетово не бил донесен во нивната болница.
-Повикав екипи, медицински сестри, болничари и лекари и целосно се подготвивме да примиме пацинти од тетовката модуларна болница која вчера вечерта целосно изгоре, но тука не донесоа ниту еден. Тука имаме 99 ковид-пациеднти, но во ваква тешка ситуација подготвени сме веднаш да примиме уште 10 на кои им е неопходен болнички третман и тоа во одделенијата каде имаме центѕрален довод на кислород. Доколку има потреба да се примат и повеќе пациенти, подготвено е Одделението за абдоминална хирургија, и таму иако нема центѕрален довод на кислород, имаме доволно боци за сите пациенти на кои им е потребвна кислородна поддршка, посочи диртекторот на болницата, д-р Христијан Костов.
Во пожарот кој за само 15 минути целосно ја пеплоса модуларната болница во Тетово, ОЈО потврди дека има 14 жртви, но велат дека можно е да има и повеќе.
Денеска во 10 часот е закажана и седница на Владата, по што се очекуваат и подетални информации.