Интензивните врнежи го подобрија водостојот и ја одржуваат „кондицијата“ на езерото
Нивото на водата во Охридското Езеро денес се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просечниот мартовски водостој од 693,49 мнв.
Според последните мерења, водостојот е значително повисок во споредба со истиот период минатата година, кога нивото на водата се движеше и повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек, односно само неколку сантиметри над минимално дозволеното ниво.
Температурата на водата во езерото изнесува 6,5 степени Целзиусови, што е за еден степен пониско од мартовскиот просек.
Добрата состојба на водостојот се припишува на интензивните врнежливи периоди што го зафатија регионот изминатите месеци, кои го зголемија нивото и ја одржуваат „кондицијата“ на езерото.
