Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на денешниот ден привремено без електрична енергија во период од 08:05 до 08:30 часот прекини во снабдување со електрична енергија ќе има во селата: Стрезовце, Довезенце, Долно Јачинце, Горно Јачинце, Бељаковце, Клечовце, Новосељане, Војник, Зубовце, Мургаш, Кутлибег, Косматац, Пезово, К’шање, Кокошиње, Скачковце, Габреж, Колитско и Градиште.
Во период од 14:30 до 15:00 часот прекини ќе има повторно во дел од истите села: Стрезовце, Довезенце, Долно Јачинце, Горно Јачинце, Бељаковце, Клечовце, Новосељане, Војник, Зубовце, Мургаш, КутлибегКосматац, Пезово, К’шање, Кокошиње, Скачковце, Габреж, Колитско и Градиште.
Во период од 08:30 часот до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат фабриката и ресторанот „Визијана“.
Прекини на елекрична енергија се најавени и за текот на утрешниот ден.
Така утре во период од 08:00 часот до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците спроти факултетот лоциран во поранешната Касарна во населбата Бедиње.
Во период од 07:30 до 13:00 часот утре прекини ќе има за корисниците од улицата „11 Октомври“, Здружение на возачи, Силоси Железничка, населбата Железничка станица и селото Черкезе.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.