Тоа е, кога ти е таква кармата. После толку многу битки кои сум ги имал во животот, пак почнувам од почеток.
Господ ме создал со една голема мана, да бидам непослушен, да мислам со своја глава, оти си милувам да си бидам слободен, а не нечиј партиски или друг послушник.
И сè можете да ми одземете, само слободата на умот не.
Некои велат со гла ѕид не се уриват, а јас велам со слободоумна глава светот се менува.
И што мислите, ако не беа слободоумни граѓаните на Дебрца, што ќе беше денеска Дебрца? Ќе беше нечиј ѓубралник.
И што велите сега, се исплати слободоумноста!?
И по толку години борба пак во ушите како камбана ми одѕвонуваат зборовите на Никола Младенов:
Ние сакаме да изградиме општество на слободоумни граѓани, а тие сакаат збирштина од безрбетници.
Тука нема компромис., напиша Ногачески на „Фејсбук“.