Инцидентот ја вознемири јавноста во раните утрински часови во скопската населба Аеродром
Во 3 часот и 15 минути наутро во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Владимир Комаров“ изби пожар на паркирано патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, сопственост на 19-годишно момче од Скопје.
Од пожарот било оштетено и друго паркирано возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на 46-годишен човек.
Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа, а увидот е извршен. Во моментов се истражуваат причините за настанот.