Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ноќеска од 23 до 4 часот 90 казни за возење под дејство на алкохол
Н
Во текот на вчерашната вечер (31.12.2021/01.01.2022) во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 90 возачи, информираат од МВР и посочија дека од нив, 38 се на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Охрид.