Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична.
Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јавува ТВ21.
Вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието
Тие бараат подобри услови, но и повисоки плати.
Сепак, според директорката Косана Мазнева штрајк не смее да има, бидејќи граѓаните на Скопје не смеат да се гушат во смет.