Земјотрес од 2.2 степени Рихтер во Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија ноќва во 02 часот и 13 минути регистрира земјотрес. Според податоците, епицентарот се наоѓа во епицентралното подрачје Валандово, на оддалеченост од 116 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот е со локална магнитуда од ML2.2 според Рихтеровата скала. Регистрацијата беше извршена преку сеизмолошките станици инсталирани низ целата територија на државата. Станиците се дел од Телеметриската сеизмолошка мрежа што ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Почувствуван земјотрес во Струмица и околината

Сеизмолошката опсерваторија информира дека, според досегашните податоци, потресот е почувствуван во Струмица и околните населени места. Интензитетот таму бил проценет на III степени според Европската макросеизмичка скала.