По страшната сообраќајка која се случи попладнево нормализиран е сообраќајот на патниот правец Штип – Кочани.

Во текот на попладневните часови сообраќајот се одвиваше само во една насока, но на крајот е нормализиран.

Во сообраќајката две лица загинале, а едно е повредено. Од СВР Штип ги соопштија деталите.

Двајца загинати, еден повреден: Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка

Итната медицинска помош пристигнале на лице место на настанот, а од СВР Штип го расчистуваат случајот