Солберг (60) и нејзината конзервативна коалиција на власт се во Норвешка од 2013 година.
Од своја страна, Јонас Гар Стор, изрази задоволство од победата и најави дека ќе разговара со сите страни за формирање нов кабинет.
– Чекавме, се надевавме и работевме напорно, и сега конечно можеме да кажеме: Го направивме тоа!, изјави Стор пред своите приврзаници откако Солберг го призна поразот.
– Норвешка испрати јасен сигнал: изборите покажуваат дека норвешкиот народ сака поправедно општество, рече 61-годишниот милионер кој водеше кампања против социјалните нееднаквости.
Ова се случи откако првите резултати покажаа дека победи левоцентристичкиот блок. Со преброени 97,5 проценти од гласовите, Лабуристичката партија и четири други партии од левиот центар би можеле да се формираат мнозинство од 100 места, наспроти 81 во моментов, предвидува Дирекцијата за избори.