По заседавање на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесена беше одлука за нов Извршен Комитет на партијата. Новиот состав на ИК преставува спој меѓу искуството и дел од луѓето од претходните состави и нови членови ќе го формираат новиот ИК.

Партијата се менува и прилагодува на новите предизвици, целта е создавање на силна и обединета структура која ќе даде решенија за граѓаните.

Пратеникот Драган Ковачки е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката е донесена на седница на Централниот комитет на партијата, која се одржа вечерва.

На истата седница беа избрани и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За членови на ИК се избрани Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галевски, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

Како што беше соопштено, кон составот на Извршниот комитет дополнително ќе се приклучат и новоизбраните претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

За организациски секретар на партијата е избран Ивица Томовски, додека за шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е именуван Владимир Нелоски, кој истата функција ја извршува и во рамки на владиниот кабинет на премиерот.