„Мајкрософт“ претстави нов модел на џојстикот за конзолите „Икс-бокс“, односно сериите „Ес“ и „Икс“. Уредот е најавен на собирот со назив „Гејмском 2021“, а во пресрет на пуштањето на видеоиграта „Forza Horizon 5“ во продажба.

Џојстикот е претежно проѕирен, а куќиштето е жолто со сини и розови бои што го украсуваат. Копчињата се розови, а симболите на нив се сини. И аналогното копче е розово-сино. Новиот додаток доаѓа и со црни гумени држачи.

Цената на новиот џојстик е 74,99 долари – 15 долари поскапо во споредба со стандардниот од 59,99 долари. Преднарачките веќе се прифаќаат, а продажбата почнува на 9 ноември, заедно со онаа на „Forza Horizon 5“.