Парк на местото на дива депонија во Горно Лисиче
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески присуствуваше на започнувањето на изградбата на нов парк во Горно Лисиче. Паркот ќе се протега покрај улицата „Божин Николов“ на површина од 3.500 квадрати метри. Новиот парк ќе ја замени дивата депонија што со години се таложела покрај стадионот во оваа населба и ќе прерасне во убава и функционална зелена оаза за жителите на Горно Лисиче, информираат од општината.
Неколку фази: Расчистување на дива депонија, а потоа рамнење, раззелнување и хортикултурно уредување
При увидот градоначалникот се запозна со динамиката на изградбата и тоа во првата фаза расчистување на теренот и шутот, потоа негово рамнење и на крајот зазеленување на површината, нејзино осветлување и хортикултурно уредување со патеки, клупи и канти за отпадоци.
- „Целта на инвестицијата е да создадеме место за рекреација, дружба и опуштање, а со тоа да придонесеме за еколошко подобрување на околината. Подигнувањето нови зелени површини и покрај постоењето на голем број паркови е дел од стратегијата на Општина Аеродром за унапредување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот, пишува Митески.
Тој вели дека остануваат посветени на транспарентно и навремено информирање на јавноста за сите проекти. Најавува и нови проекти кои ќе се реализираат во Општина Аеродром.
Во меѓувреме, активни се повеќе проекти.
Аеродром набавува нова механизацијата за одржување на јавните површини
Одржувањето на јавните површини, заедно со новите инвестиции, го зацврстуваат имиџот на Аеродром како најзелена општина во Македонија.