Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, вчера регистрирала земјотрес во Албанија, на 184 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случил во 18.43 часот, а бил со Рихтерова локална магнитуда ML4.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил југозападно од главниот град на Албанија, Тирана.
Земјотресот е почувствуван од населението во западниот и северозападниот дел на земјава.