Од ТППЕ Велес појаснуваат:

– Овој пожар е од скопско, а сега поради ветрот е префрлен и во велешко, каде петмина пожарникари со едно возило-цистерна со вода веќе се на терен и се борат да ја изгаснат огнената стихија во шумата над селото

Инаку селото Џидимирци е оддалечено на 27 километри од Велес и се наоѓа на границата со општините Свети Николе и Петровец, односно на Овчеполието и Скопската котлина. Над селото преовладува шума со површина од 893 хектари.