НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК
Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за евроинтеграции, ќе биде нов претседател на Државната изборна комисија, откако претседателот на СДСМ Венко Филипче ја доставил одлуката до Собранието, објави телевизија 24.
Според висок партиски функционер, Филипче ја донел одлуката попладнево, по претходно одложување до последен момент, по што го избрал Маричиќ за прв човек на ДИК.
Во меѓувреме, екс заменичката министерка за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, Марија Митановска, сопруга на Примослав Димовски, како и пратеничката од СДСН Даниела Марковска, ќе му го продолжат мандатот на Борис Кондарко, но овојпат во својство на член на Комисијата.
Одлуката следува откако во понеделникот Комисијата за избори и именувања ја потврди листата на пријавени кандидати за позициите во Државната изборна комисија.
НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК
