Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски пушти во употреба ново младинско катче и кариерен центар во средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола. Станува збор за нов современ простор, креиран во духот на иновациите и младинскиот активизам, а во функција на образовниот процес, информираа од Општина Битола.
„Проектот е резултат на ангажманот на учениците и во тесна соработка со професорот Целе Јолевски. Посакувам овој простор да биде катче каде што гласот на младите ќе се слуша погласно, каде што тие слободно ќе ги споделуваат своите иновативни идеи, ќе ја развиваат својата креативност и ќе прераснат во активни чинители на општеството“, истакна Коњановски.
Во средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ во Битола од денес започна со работа и Кариерниот центар како современ образовен модел наменет за младата генерација.
