Нов раскол во СДСМ. Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ распали по актулениот кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски.

-Чекам денес да се јават сите душегрижници кои коси кубеа за Горан како голем сдсмовец. Истите ги пушти низ вода, а посебно подржувачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во Центар, реагира денеска Богдановиќ, на изјавата на Герасимовски дека во првиот круг од локалните избори центарци гласале за личност, а не за политика.

„Ги пушти низ вода сите од СДСМ што гласаа за него во прв круг. Не е ни чудо, и претходно менуваше партии. А тоа го покажуваат и бројките за листата за Град Скопје и кандидатот Каја Шукова. Од машинерија направи моторкултиватор. И тоа само со единствена негова цел и интерес“, реагира Богдановиќ.