Граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците доставени до МВР доколку има промени или грешки
Од утре, граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена или корекција на контакт-податоците поврзани со регистрацијата на возилата, информираше Министерството за внатрешни работи. Оваа услуга ќе биде достапна на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи. Шалтерот е сместен во зградата на МТВ во Скопје, на приземје.
Шалтерот е наменет за случаи кога има настаната промена на контакт-податоците или кога граѓаните добиле известување со неточни информации. Истата постапка ќе може да се заврши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден референт на МВР.
Работно време и дополнителни можности
Шалтерот „Безбеден град“ ќе работи секој работен ден, во периодот од 08:00 до 17:00 часот.
Од МВР информираат дека е овозможена и електронска комуникација за сите граѓани кои имаат прашања или проблеми поврзани со системот.
„Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.
