Минатиот понеделник Турција и Сирија беа погодени од разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени.
Оттогаш тлото не се смирува. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) забележа нов силен земјотрес во Турција.
Според прелиминарните податоци, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Малатија.
Ова беше 33-ти земјотрес во последните 72 часа што е регистриран во централна Турција.