Филип Даскаловски е назначен за нов вршител на должноста директор на ВИП Арена „Борис Трајковски“. Тој доаѓа на местото на Александар Петровски, кој минатата недела најави повлекување од функцијата.
На вчерашната владина седница, поставени се и в.д. директори и на Службен весник – Владимир Кроневски и на Управата за заштита на културното наследство – Аријан Арсланај.
На вчерашната седница, како што велат од Владата, досегашните в. д. директори на Царинската управа, Славица Кутирова, и на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски, се поставени за директори на институциите.
Ова се први именувања на директорски позиции од новата Влада на премиерот Димитар Ковачевски.