На дневен ред на денешната собраниска седница се измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица. Измените се во фаза на второ читање.

-Целта на Предлог-законот е поедноставување на условите и постапката за отворање нова фирма и нејзино отпочнување со работа, на начин што преку едношалтерскиот систем, воспоставен во рамки на Централниот регистар, основачите на фирмите, како што тоа досега е предвидено за законските застапници/управителите, ќе имаат можност да бидат вработени т.е. пријавени како вработени лица во Агенцијата за вработување, истовремено со поднесување на пријавата за основање на фирмата, без објавување оглас за вработување од страна на Агенцијата за вработување, во времетраење од најмалку 3 дена.

-Внесувањето на податоците за првото вработување на основачите на фирмата и нивното вклучување во задолжителното социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување) Централниот регистар има можност да го изврши електронски, преку електронско поврзување на своите регистри со регистрите и базите на податоци коишто се водат во Агенцијата за вработување, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Фондот за здравствено осигурување, се образложува во законските измени.

Законските измени за поедноставување на постапката за отворање нова фирма пред пратениците

Измени на Законот за едношалтерскиот систем за основачите на фирми и нивното пријавување во Агенцијата за вработување